ТЕРА

REKLAMA???

ПЕЛИСТЕР ГО ЗАГУБИ ДЕРБИТО СО МЗТ СКОПЈЕ И ЌЕ ПРЕЗИМИ НА ДЕЛБА НА ВТОРОТО МЕСТО

КК Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром 79-83

Во последниот прволигашки натпревар во календарската 2022 година, екипата на Пелистер го претрпе првиот домашен пораз оваа сезона. Битолчани загубија од МЗТ Скопје со 79-83. Пелистерци подобро отворија, но скопјани подобро го затворија дербито на полусезоната, и по 11 одиграни кола ја одбранија првата позиција во шампионатот.

Најдобри во таборот на Пелистер беа Хаџифејзовиќ со 20 и Карутерс со 16 поени.

Пелистер ќе презими на делба на второто и третото место со осум победи и три порази,

Во првото пролетно коло, во третата недела од јануари Пелистер ќе го пречека Гостивар.