Битолски Пелистер во рамките од подготовките „зелено-белите“ одиграа пријателски натпревар против второлигашкиот ривал Кожуф, на кој преку пресврт на крај славеа со убедливи 4-1. Гевгеличани во првиот дел ја искористија грешката на домашната одбрана и поведоа со 0-1, но во вторите 45 минути пелистерци беа подобриот противник и со головите на Бакрачески, Грозданоски, Стојановски и Торневски стигнаа до заслужена победа од 4-1.
Следен предизвик на Пелистер во подготовките ќе биде прволигашот Тиквеш, натпревар кој се игра во Битола, в сабота од 17:30 часот.












