Екипата на Пелистер со победата над Охрид се најави како сериозен кандидат за пласман во Првата фудбалска лига на Македонија. Пелистерци убедливо ја победија екипата на Охрид со 3-0 и освоија бодиви со кои сега се доближаа кон првите клуба на табелата. Головите за Пелистер ги постигна Томе Китановски со глава во 29. минута по корнерот на Благој Љамчевски, а другите два гола паднаа во вториот дел. Погодокот за 2-0 беше автогол на Кадриоски, по центаршут на Фазлиу, а потоа Бојан Спирковски ги постави конечните 3-0 во 53. минута.
По нерешениот резултат на Воска Спорт и Гостивар лидер останува Воска Спорт, а Пелистер е на четвртото место на табелата со 40 бода.
Во следното 21. коло Пелистер во Охрид гостува кај Воска спорт.












