ТЕРА

REKLAMA???

ПЕЛИСТЕР НЕПРИЈАТНО ИЗНЕНАДЕН ВО ЧАИР, ЧЕТВРТИ ПОРАЗ ВО СЕЗОНАТА ЗА БИТОЛЧАНИ

Екипата на Чаир 2030 направи изненадување и на домашен терен го совлада Пелистер (88-77) во последниот натпревар од 17. коло на македонскиот кошаркарски шампионат.

На гостувањето во салата „Шабан Трстена“, екипата од Битола не личеше како скоро промовиран четвртфиналист во АБА2 лигата.

Секако, во голема мерка по заслуга на домашните кошаркари кои веројатно го дадоа оној најдобар тимски обид да стигнат до посакуваната цел – изненадување против еден од најквалитетните тимови во лигата, и екипа која го држи второто место на табелата.

Посебно мотивиран во овој натпревар „влезе“ доскорешниот „пелистерец“ Недим Мустафица.

Мустафица кај Чаир заврши со 28 поени и 15 скока, пред Мохамед со 22 поени и десет скока, додека Александровски постигна 18 поени. Кај Пелистер, Карутерс заврши со 26, пред Стајиќ со 16 поени, а Карпентер даде 13 поени.