Малку поинаку се одвиваа работите на вториот натпревар од финалната серија од плеј-офот. Пелистерци ја добија неизвесната битка во „Боро Чурлевски“ и по едно продолжение од пет минути стигнаа до прва победа во деби настапот во финалето за шампионската титула (82-79).
Малешевиќ постигна 20, Кесар заврши со 15, а Стајиќ додаде 14 поени за Пелистер.
Третиот натпревар се игра во Скопје, во вторник попладне.












