Фаворитите се пласираа во следното коло од Купот на Македонија. Прволигашите без поголеми проблеми минаа во осминафиналето. Пелистер на гостински терен славеше против Гостивар, додека Фортуна го победи Борец со 5-3.
Беласица – ШКУПИ 1-3
Коњаре – РАБОТНИЧКИ 0-5
ФОРТУНА – Борец 5-3
Каменица Саса – ВАРДАР 0-2
Караорман – ШКЕНДИЈА 0-3
Карбинци – ПОБЕДА 0-6
Гостивар – ПЕЛИСТЕР 0-1
Кожуф – ТИКВЕШ 0-2
Слога Виница – БРЕГАЛНИЦА 0-3
Тетекс – Академија ПАНДЕВ 0-6
Вардар Неготино – СТРУГА ТЛ 1-2
Со извлекување ќе бидат одредени паровите за осминафиналната фаза во Купот на Македонија. Натпреварите ќе се одиграат следниот месец.












