Екипи на територијалната противпожарна единица на Битола и на РЕК Битола интервенираат на пожарот кој се случи над депонијата „Мегленци“ во Општина Новаци.
Командирот на противпожарната единица на Битола Христијан Тодоровски, вели дека е зафатена голема површина, а горела трева и грмушки.
И од комуналното претпријатие „Комунална Хигиена“ на Општина Новаци интервенираат во гасњето на пожарот.
















