Од битолската полицијата потврдија дека во тек е полициска акција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Од полиција велат дека по завршување на акцијата ќе ја информираат јавноста.
Она што неофицијално е објавено на интернет порталите е дека во акцијата биле уапсени 29 лица, меѓу кои и поранешни директори и дека осомничени се и неколку правни лица, за сторен криминал.
Според информациите на МИА, во акцијата полицијата запленила 130.000 евра во кеш.












