Париз е погоден од обилни дождови, кои предизвикаа поплави низ улиците на француската метропола. Земјата е зафатена од топлотен бран кој ги зголеми температурите и до 36 степени.

Француските медиуми јавуваат дека неколку метро страници биле поплавени.

Во Париз бил регистриран ветер со брзина од над 100 км/час, а нивото на реката Сена пораснало за 35 см.

Како што пишува АФП, Франција го доживува својот 50-ти топлотен бран низ целата земја почнувајќи од 1947 година.












