Екипите на јавното претпријатие „Водовод“ го отстранија дефектот кој во текот на изминатата ноќ се јави и заради кој голем дел од градот остана без вода.
Директорот на „Водовод“ Андреј Гинов рече дека пумпите почнаа да ја носат водата низ системот и дека тој се полни, така што ќе биде нормализирано водоснабдувањето во градот.
Се работи за потисниот цевковод на пумпната станица „Довлеџик“ кој е важен за пумпање на вода од стрежевската акумулација во водоводниот систем во општината.
На екипата на „Водовод“ во санирањето на дефектот и се приклучи и екипа од ЈП „Стрежево“.












