ТЕРА

REKLAMA???

ПОРИБУВАЊЕ НА АКУМУЛАЦИЈАТА „СТРЕЖЕВО“

Денеска  јавното претпријатие „Стрежево“  изврши порибување на акумулацијата „Стрежево“и тоа со 6000 единки со подмладок од крап и пастрмка.

Јавното претпријатие „Стрежево” – Битола, согласно Законот за рибарство и аквакултура, денес изврши порибување на акумулацијата „Стрежево” со подмладок од пастрмка и крап. Порибувањето се реализираше во близина на браната “Стрежево” и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”, а се реализира од  сопствени финансиски средства, рече директорката Вера Бешлиевска.

„Порибувањето го напРавивме со подмладок  од репроцентарот „Акватика“ од Неготино, согласно Риболовната Основа и Годишниот план со циприниди и благородни видови на риби. Ние со денешното порибување ја потвруваме нашата одговорност и грижа за заштитата и одржувањето на животната средина и оржливо обновување на рибниот фонд. „Стрежево“ и во идинина во соработка со МИнситерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Државниот Зњмјоделски инспекторат плански и одговорно ќе управува со ривниот фонд во акумулацијата.“ – рече директорката инж. Вера Бешлиевска.

 

На порибувањето присуствуваа овластени претставници на концесионерот, Овластената установа изработувач на Риболовната основа за акумулација Стрежево, членови на риболовните здруженија од Битола, инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство, претставници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Сашо Ракочќевиќ, од Државен инспекторат за земоделство – отсек рибарство и аквакултура рече„Порибување на риболовни води може да врши концесионер на риболовни води за вршење на рекреативен риболов кој има склучено договор со владата на Македонија, а согласно риболовна основа и годишен план за заштита и стопанисување со рибите каде е предвидено со кој вид на риба порибителен материја и која количина треба да ја пориби. Конкретно за акумулација „Стрењжево“ договор има склучено ЈП „Стрежево“ за период од 6 години. Порибувањето на риболовните води се врши со подмладок риби од вид речна пастрмка и крап одгледан во регистгрирано мрестилиште за производство на порибителен материја, конкретно на акумулација „Стрежево “ се врши со 150 кг речна пастрмка со маса од 10-70 грам,а единка и со 200кг крап со маса од 50 до 800 грама единка. Порибителниот материјалн треба да е проследен со доказ за потекло како и со сертификат за здравствена состојба. “

 

Инаку Државниот инспекторат за земјоделски прекиу државни инспектори за земјоделство во одделение за ррибарство со аквакултура согласно надлежностите од Законот за рибарство и аквакултураја утврдија фактичката состојба, вршеа мерење на порибителниот материјал на дигитална вага пред пуштање во риболовната вода. Проверуваа дали количината на порибителниот материјал одговора согласно документацијата и составуваа записник за констатирање на состојба.