ТЕРА

REKLAMA???

ПОТВРДЕН ПРВ СЛУЧАЈ НА КОЛЕРА ВО ЛИБАН, СЗО ВОЗНЕМИРЕНА

Светската здравствена организација (СЗО) е вознемирена поради првиот потврден случај на колера во Либан, објавувајќи дека итно работи на спречување на поголема епидемија. Либанските здравствени власти го потврдија случајот во услови на ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах.

Колерата е заразна болест придружена со дијареа и повраќање и се шири преку контаминација на вода, на пример кога залихите на вода се загадени со измет. Ризикот од појава секогаш постои кога многу луѓе мора да живеат заедно во недоволно хигиенски услови.

Во Либан, повеќе од милион луѓе се раселени поради конфликтот и многумина живеат во недоволни хигиенски услови, без пристап до чиста вода.

Постои висок ризик од ширење на колера меѓу стотиците илјади раселени луѓе кои ги напуштија своите домови поради израелските напади врз либанската милитантна група Хезболах, изјави претставникот на СЗО во Либан Абдинасир Абубакар на онлајн прес-конференција.

Во моментов се во тек тестирања на луѓе и преглед на примероци од вода. Во соработка со партнерските организации, СЗО се обидува да обезбеди повеќе чиста вода за пиење и да го подобри отстранувањето на отпадните води. Дополнително, во земјава веќе се донесени медицински материјали за лекување на болни од колера.

Кампањата за вакцинација против колера траеше од почетокот на август, но беше прекината поради ескалацијата на конфликтот меѓу Хезболах и Израел.