ТЕРА

REKLAMA???

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ЗДРУЖЕНИЈАТА „ПИЈАНО“ И “GRADUS AD PARNASSUM”

Со цел за што поголема културна размена и продлабочување на меѓусебната интернационална едукативно уметничка соработка Здружението на пијанисти и музички педагози „Пијано“ од Битола, потпиша меморандум за трајна соработка со Здружението “Gradus Ad Parnassum” од Сремска Митровица. И двете здруженија, секое засебно зад себе имаат реализирано многу државни и меѓународни проекти, како : концерти, натпревари и фестивали, а во месец јуни 2023г. ќе бидат дел од ист проект со име  “Kids Classical Music Camp”, кој што треба да се одржи во Битола и е со поддршка од Фондот на Западен Балкан и ЕУ. 

Потпишувањето на меморандумот  е само почеток на една нова и плодна соработка помеѓу Здружението Пијано и Здружението “Gradus Ad Parnassum” и во иднина се очекува да резултира со пријателска и професионална културна синтеза помеѓу Битола и Сремска Митровица. Со ова само се потврдува фактот дека музиката е универзален јазик кој што ги надминува сите бариери и ги зближува народите.

Здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО – Битола е формирано во 2018 година на иницијатива на М-р.Проф.Јана Четелева–Белевска и М-р.Проф.Марија Шамоска-Буџаковски, двете професорки по пијано во Државното музичко училиште во Битола.
Целта на здружението е подигнување на нивото на културниот живот,проширување на видиците во областа на класичната музика,особено во музиката за пијано,подобрување на стандардот во наставата по пијано со акцент врз пијано-изведбите и генерално музицирањето во Р.Македонија преку размена на идеи и искуства,семинари,обуки, организирање натпревари,фестивали,работилници,конференции како и работа со талентирани деца.
Здружението предлага едно пошироко прифаќање на образовната вредност при изучувањето на инструментот пијано,се залага за обезбедување на можности за афирмација на талентираните деца во јавниот живот преку организирање на концерти,настани,предавања,како и други дејности од образовната и изведувачка музичка дејност.

Неодамна ова здружение беше организатор на третото издание на „Денот на пијаното“.