ТЕРА

REKLAMA???

ПОЧИНА КРАЛОТ НА ФУДБАЛОТ, БРАЗИЛЕЦОТ ПЕЛЕ

„Кралот” на фудбалот, легендарниот Пеле ја загуби битката со ракот, од Бразил пристигна информација дека поранешниот напаѓач починал.

Фудбалот остана без уште една легенда, по долго боледување, Пеле на 82 годишна возраст починал во болница опкужен со своите најблиски.

Тој беше хоспитализиран овој месец, неготово тело не реагираше на терапијата, беше префрлен на палијативна нега, а денеска пристигнаа најлошите вести.

„Кралот “ на фудбалот според многумина е најдобриот на сите времиња и единствен кој три пати бил светски шампион, триумфираше на мундијалите во 1958, 1962 и 1970 година.

Две децении ги маѓепсуваше навивачите и фудбалските фанатици ширум светот и инспираше многу генерации, кои наместо по лоши патишта, станаа фудбалери како својот идол.