ТЕРА

REKLAMA???

ПОЧИНА ПРОФЕСОРОТ СТЕРЈОВСКИ, ХРОНИЧАРОТ НА БИТОЛА

Денеска почина професорот во пензија Александар Стерјовски.

Роден е во 1933 година во Битола. Ученик бил на Горната гимназија. Цел живот го посвети на македонскиот литературен јазик, предавајќи по училишта како професор по книжевност во прилепската гимназија „Мирче Ацев“ и во Земјоделското училиште во Битола, а потоа со години до пензионирањето, предавал прво на Педагошката академија, а потоа и на Факултетот за учители и воспитувачи во Битола.

Двапати бил проректор на универзитетот „Климент Охридски“ во Битола. Напишал повеќе од 20-тина книги, стручна литература и хроники за Битола.

Добитник е на наградата „4-ти ноември“ за животно дело.

Како што објави неговото семејство опелото ќе се изврши в понеделник во храмот „Св. Димитриј“ во Битола од 10:00 часот, а погребот ќе биде во 12:00 часот на Буковските гробишта.