Измените и дополнувањата на програмата за економски развој на Општина Битола се најдоа на комисиска расправа, во пресрет на седницата на која ќе се носи и ребалансот на буџетот, односно неговото прекројување.
Промената на програмата се прави поради како што стои во текстот зголемени активности и средства, некаде има намалување на средства заради донација, па зголемување, намалување и ткн.
„Мислење од ИЗИС–Се зголемува за 100.000,00 поради зголемени активности околу обезбедување на мислења за новите три спортски сали, предвидени од средствата преку Влада за 2025-та. Потоа друга ставка се намалува за 300.000,00-се очекува донација за изработка на Основни проекти за целосна енергетска ефикасност на четири училишта (Фасада, дограма покриви можност за поставување на фотоволтаици, ОУ. Гоце Делчев, Т. Ангелевски, Трифун Пановски и градинка Снегулка) , (“Проектот Идеја” врз основа на потпишан меморандум за соработка), намалување за 354.001,00–Согласно динамиката на изработката на проектната документација, а во согласност со договорот, 30% од планираните средства за изработка на идејниот и основниот проект, ќе бидат платени во 2026-та. Проектна документација за ДТВ Паризан–Се намалува за 100.000,00 поради ускладување со предлог измената на буџетот. Зголемување за 374.296,00, се однесува за делот од Бензинска Макпетрол до бензинска Лукоил, каде се врши ускладување со урбанистичкиот проект заинфраструктура, со што се проширува тротоарот и се оформуваат велосипедски патеки“ рече Венцо Шишкиот од одделението за економски развој.

Потоа и за нов колектор кај улицата „Железничка“, па за реконстркиција на улица во Трново, за подобрување на енеретската ефикасност за училиштето во Бистрица, уредување на два простори и за реконструкција на улицата „Блаже Рогозинаро“. Во оваа програма и уште една измена.
„Програма за субвенции и трансфери за Кофинансирање на проектот ,,Smart4You2” вредноста се намалува за 8.000.000,00 , поради ускладување со предлог измената на буџетот“ рече Шишкин.
Претседателката на Советот Габриела Илиевска побараа појаснување на оваа измена, а Шишкин одговори.
„Намалувањето е со ускладување на буџетот, бидејќи не се промени одлуката за кофинансирање на овој проект и ова не е компатибилно со анексот што го потпишавме со Европската унија, затоа средствата се пренаменуваат“ рече тој.
И советникот Бојкоски побара дообјаснување.
„Тоа значи дека доколку Советот, јас така го разбирам, сега да ми објасни претставикот. Доколку Советот на Општина Битола донесеше одлука за кофинансирање на проектот за изградба на велопатеки во Општина Битола ќе се искористеа овие финансиски средства и заедно со Европската унија со кофинансирање на дел од Општина Битола ќе имавме велопатеки, а сега имаме велопатеки кои што се комплетно финансирани од буџетот на Општина Битола. Така јас го разбирам. Дали може да ми појасни претставникот“ реше и праша Бојкоски.

„Да, така е. Дополнително ако треба ќе се произнесеме поопштирно“ одговори Шишкин.
Измените на Комисијата за економски развој се гласа со два гласа за и два воздржани. Оваа програма в понеделник ќе се најде на пленарната седница.












