После силните врнежи и невремето кое ја зафати Битола изминатите денови, од Општина Битола велат дека екипите на јавните претпријатија постојано работат на терен.
Се врши расчистување на просторот и санација на улиците каде со години не е интервенирано, поради што предизвикани се големи оштетувања.
Со информацијата приложуваат и фотографии од затекнатата состојба и интервенцијата на КЈП Нискоградба на улица Димитар Мите Богоевски (поранешна „Бихаќ“).












