Сметките, уплатниците и шифрите за плаќање од 9 ноември оваа година треба да изгледаат сосема поинаку. Банките наголемо ги променуваат, и тоа според Законот за платежни услуги и правилата за платни системи на Народна Банка и воведување на меѓународниот стандард ISO 20022.
Според промените, денарските платежни сметки ќе добијат нови ознаки: најпрвин пред постојниот 15 -цифрен број на денарските сметки ќе биде додадена ознаката МК07, така таа ќе премине во меѓународен IBAN формат.
Платните налози – уплатниците како што досега ги познаваме повеќе нема да постојат. Ќе бидат променети со нови стандардизирани црно-бели обрасци во хартиена и електронска форма, со текстуални (описни) кратенки според видот на плаќањето.
Па така:
1. Образецот ПП 10 за внесување готовина сега ќе стане образец ВГ
2. Образецот ПП 40 за повлекување готовина , сега ќе стане образец ПГ
3. Популарниот ПП 30 за кредитен трансфер во денари, сега ќе биде образец КТД
4. Образецот ПП 50 , за даноци, такси, фирми, ќе биде заменет со образец КТД за кредитен трансфер во денари
5. Образецот ПП 53 популарно за УЈП и исплата на плати на повеќе вработени, ќе биде заменет со образец ЗКТ што значи збирен платен налог .
Промена ќе имаат и алфанумеричките шифри за цел на плаќање. Бројките ќе бидат земенети со кратенки во латинични букви :
1. SALA – Ќе се користи за исплата на плата
2. ELEC – За сметки за електрична енергија
3. RENT – За да се уплати наемнина /ќирија
Граѓаните, освен што треба да ги научиме новите уплатници, кои сега нема да бидат во боја туку црно-бели, немаат никаква обврска во однос на своите сметки. Тие по автоматизам ќе ги добијат буквите напред и ќе го имаат меѓународниот IBAN формат.
Фирмите, односно сметководството или пак тие кои користат специфичен софтвер за генерирање на налози треба навремено да ги ажурираат своите ЕРП системи за планирање на ресусрците и тоа пред 9 ноември, а во координација со матичната банка.











