ТЕРА

REKLAMA???

ПРВАТА ЖЕНА РОМАНОПИСЕЦ ОД МАКЕДОНИЈА ГО ПРОСЛАВИ 90-ТИОТ РОДЕНДЕН

По повод 90-тиот роденден на првата жена романописец од Македонија, во Друштвото на писателите беше организирана манифестација за одбележување на истиот. На истата беше претставено творештвото на Драгица Најческа која е автор на романите „Пеперуга со натопени крилја“, „Друга мајка“ (за деца и млади), „Крстопати“, „Омраза – длабоко“, „Доживотна јамка“; збирките раскази „За глувчето, мачките, за мечките, рипчињата, зајачињата, лисичињата и … дечињата“ (раскази за најмалите) и „Раскази“; збирките поезија „Неспокој“, „Бранувања“, „Вратете ми го сонот“ и ,„И крв и смрт и надеж“, на „Избрани дела“ и др. 

На овој значаен јубилеј, за делото на Најческа  зборуваа Гоце Смилевски и Виолета Танчева-Златева. Извадоци од нејзиниот богат прозен и поетски опус интерпретираа Ања Митиќ и Александар Степанулески. Присутните, ги поздрави и роденденката Драгица Најческа.

„Пеперуга со натопени крилја“ од писателката Драгица Најческа, објавен во 1969 година е прв роман во Македонија напишан од жена.

„Се разбира дека сум горда на фактот што сум прва жена Македонка што напишала и објавила роман на македонски јазик, но уште поголемо значење има тоа што, во време на доминантно мажи автори, кои во тие години ги напишаа некои од најважните дела во македонската литература, се наметна и еден роман на жена писател“, истакна  писателката Најческа.

Пред три години романот повторно се врати во живот, во издание на „Или-Или“. Романот „Пеперуга со натопени крилја“ бил објавен со препорака од Блаже Конески.

Најческа во 1969 станува член на Друштвото на писатели на Македонија, а потоа била поканета заедно со дваесет и две најпознати поетеси од Југославија на Светскиот меѓународен конгрес на жени писателки од целиот свет, во Париз.