Раздвиженоста во битолската Општинска изборна комисија е вообичаено интензивна на денот на гласањето. Постојана е комуникацијата со Државната изборна комисија и со избирачките одбори кои го спроведуаат гласањето на граѓаните. На неколку часа се собираат информации за текот на изборите и процентуалниот одзив на гласачите до определен час.
Во битолската општина , градот и 65те села процесот до 13,.00 часот се одивал само со три приговори од граѓани кои не се нашле на избирачкиот список. Ваквите ситуации изборните органи на државата ги решаваат итно.
Според изборниот законик,гласањето на избори трае 12 часа, од 7 до 19.00 часот. А потоа државните службеници и претставниците на политичките партии го започнуваат процесот на преборјување и ипраќање на изборниот материјал во државната изборна комисија, заедно со приговорите што биле поднесени во текот на гласањето до избирачките одбори.
Претседателот на ОИК Игор Талевски изрази надеж дека како и во претходните изборни циклуси на кои работел овој состав на изборна комисија изборите ќе минат во најдобар ред, дека Битолчани традиционално ќе го манифестираат својот висок демократски дух.












