Во Културно информативниот центар – Битола беше презентирана изложбата “Колку прекрасно!“ на Мирослав Масин, од колекцијата на фамилијата Филевски. Истата беше во соработка со Меѓународната ликовна колонија „ДеНиро“
На отворањето на изложбата на присутните им се одбрати директорторката на КИЦ Битола, Лили Бошевска, а изложбата ја отвори Мишко Барзов кој зборуваше за пријателството на Драги Филевски, Масин и него.

Мирослав Масин, рече дека секогаш убаво се чувствува кога доаѓа во Битола. Драги Филевски во име на семејството им се заблагодари на сите присутни. Покрај изложбата присутните уживаа во музиката на “Пијан славеј“.
По повод оваа изложба актерот Марјан Ѓоргиевски изработи краток филм.

Мирослав Масин уметничката кариера ја започнува под влијание на експресионизмот на Петар Мазев, а под менторство на Димитар Кондовски, Родољуб Анастасов и Душан Перчинков, за кои иако различни во пристапот, вели дека биле одлична комбинација и рамнотежа на ред, конзистентност, слобода и ерудитство.












