Во Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ премиерно беше изведена претставата „Аудиција“ според текст на Александар Галин во режија на Владимир Милчин.
Според Милчин, претставата е горчлива комедија, современа, денешна. за најголемата моментална општествена болка – иселувањето.

Ова е прва премиера на претстава од годинашниот репертоар на Прилепскиот театар. Во претставата играат: Марија Спиркоска Илијеска, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Сара Спиркоска, Јасмина Мицевска – Станкоска, Наташа Ачански, Илија Волчески, Александар Тодески, Игор Трпчески, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски. Превод на текстот направила Сузана Киранџиска, изборот на музиката е на Ема Маркоска Милчин и на Владимир Милчин, сценографијата е на Крсте С. Џидров, а костимите на Марија Папуческа.
Инаку, Александар Галин (1947) е еден од најпродуктивните, најпознатите и најизведуваните современи руски драмски автори (Кољада, Слаповски, Садур, Богаев), не само дома, туку и во странство. Горчливата комедија „Аудиција“ е напишана во 2000 година.












