ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ТРАМП

Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи упати честитка до Доналд Трамп за неговата победа на изборите.

„Во мое лично име и во име на граѓаните, упатувам срдечни честитки до претседателот Donald J. Trump за неговата победа на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави.

Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата.

Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи.

Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион.

Честитки и најдобри желби до претседателот Трамп и до целиот американски народ“ стои во објавата на премиерот Мицкоски.