ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕПОЛНА САЛА ЗА „КОРИОЛАН“ ВО ПОЛСКА

Моќната изведба на Шекспировото дело, во режија и адаптација на Џон Блондел, беше дел од јубилејното 10-то издание на престижниот меѓународен театарски фестивал „Direction East“. Дека уметноста не познава граници и јазични бариери доказ беше реакцијата на полската публика, која по завршувањето на претставата го награди македонскиот ансамбл со долготрајни и стоечки овации.

Од Народниот театар Битола потенцираат дека секое вакво меѓународно гостување е многу повеќе од обичен сценски настап.

Учеството на овој фестивал отвора нови можности за размена на уметнички искуства, создавање професионални контакти и идни соработки, со што уште еднаш се запечатува местото на битолскиот театар во современиот европски културен простор.