ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕТЕЖНО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 9 СТЕПЕНИ

-2 Попова Шапка, -1 Лазарополе, 0 Маврови Анови, Крушево, 1 Берово, 2 Крива Паланка,  Претор, 3 Прилеп, Охрид, 4 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Тетово, Дебар, 5  Битола, Гевгелија, Виница, 6 Куманово, Дојран, 8 Демир Капија, Штип.

Во текот на ноќта облачноста се зголеми и во западните делови, како и во Скопската котлина има врнежи од дожд, а утринава на планините во западните делови од снег. Утрово дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер, врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките места, особено во западните делови. На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени. Во Битола до 9 степени.