По премиерата на претствата „Улаф сте“ во Битола, следуваат неколку репризи во Скопје, Крушево, Струга, Битола, Прилеп.![]()
На 19 јуни беше изведена во Крушево. Вечерва ќе биде во Битола, со организиран бесплатен превоз за прилепската публика до Битола и назад.
В поненелник ќе се игра во Струга, на 29 јуни во Скопје и на 30 јуни повторно во Битола.
УЛАФ СТЕ? / Are you crazy? е прва професионална претстава на македонски знаковен јазик за возрасни лица со оштетен слух и на говорен македонски јазик за љубителите на театарската уметност.
Претставата ги обработува проблемите на младите и фактот дека населението се иселува од државата. Авто-цензура која е присутна од стравот да се кажат јасно и гласно општествените проблеми.
Приказната се раскажува низ призма на глувонемата заедница, во која актерите во име на глувите лица без цензура ги раскажуваат сите општествени неправди кон оваа ранлива заедница.













