ТЕРА

REKLAMA???

ПРИКАЖАН ФИЛМОТ „МАНАКИ ПРИКАЗНА ВО СЛИКИ“ ПРЕД ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ ОД БИТОЛА

Учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“, во Кино Браќа Манаки имаа можност да го погледнат документарниот филм ,,Манаки, приказна во слики ” на Роберт Јанкулоски. Браќата Манаки, инспирацијата и за денешните генерации, фотографи и претприемачи и пионери во кинематографијата. Желба, напор и одлучност – рецепт за успех и тогаш и денес.

Филмот е по сценарио на Илинденка Петрушева и Јанкулоски, монтажата е на Блаже Дулев, музиката на Дарко Спасовски, а во продукција на Македонски центар за фотографија.

„Манаки-приказна во слики“ е филм кој ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански кинематографери. Со текот на годините Браќата Манаки се митологизирани, а додавањето на нови и непотврдени информации со цел да се зголеми нивната важност е непотребно и штетно, бидејќи нивното творештво и онака е од големо културно значење не само во Македонија, туку и во поширокиот балкански контекст. Поради оваа причина, секој факт и мислење презентиран во филмот Манаки –приказна во слики се внимателно истражени и потврдени со презентирани артефакти. Приказната се раскажува преку оригинални документарни фотографии следејќи ја нивната работата од отворањето на првото професионално студио во 1898 година во Јанина и подоцнежното селење во Битола, сега познат како град на браќата Манаки.

Фотографот Роберт Јанкулоски посвети 6 години во истражување и дигитализација на творештвото на браќата Манаки. Илјадниците фотографии од камерите на ова уметничко дуо ги спои во филмот „Манаки – приказна во слики“.

Браќата Манаки биле свесни што значи фотографијата и колку таа може да биде моќна. Сочувани се околу 7000 стаклени плочи, но нивното творештво е многу поголемо. Јанкулоски ја истражува македонската фотографија од 95-тата година, а во 2000 година го формира Македонскиот центар за фотографија во Скопје. Првата изложба за творештвото на браќата Манаки беше токму на фестивалот во Битола во 2001 година. Претходно ги посетил архивите на Академијата на науки во Букурешт, Архивата во Пловдив и низ Грција.

За 100 години од сега, фотографиите што се прават денес ќе ја обликуваат историјата. Јанкулоски вели дека голема среќа имаме што Манакиеви самите се потрудиле да ги сочуваат нивните фотографски и филмски дела

Филмот е освои повеќе награди меѓу кои наградата за најдобар документарен филм на деветтото издание на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа SEE a Paris 2019.

Премиерата на овј филм бее и во Битола во Центарот за култура во 2019 тата година, а исто така беше прикажан на затворањето на филмскиот фстивал браќа манаки на 40 тото издание.