ТЕРА

REKLAMA???

ПРОВЕРКА НА ОБЈЕКТИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА ПРОСЛАВИ И ГОЛЕМИ СОБИРИ

Портпаролката на Владата Марија Митева информираше дека од вчера пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објектите коишто се наменети за прослави и големи собири, како што веќе и најавивме.

„Овие инспекции се фокусирани на проверка дали објектите ги исполнуваат минимално-техничките услови коишто ги бара законот. Во наредните денови очекуваме нов извештај од оваа контрола, кој ќе даде појасна слика за нивоата на усогласеност и сите неопходни корективни мерки коишто ќе треба да се преземат“ рече Митева.

Митева вели дека владата не е тука да врши аналитички пристап без конкретни чекори.

„Тука сме да дејствуваме. Нема да дозволиме беззаконие или двојни стандарди и ќе продолжиме да ја зајакнуваме институционалната ефикасност сѐ со цел да обезбедиме правилата да важат за сите подеднакво. Јавноста заслужува безбедност, правичност и институции кои ѝ служат, а не обратно“ рече таа.