ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 16 СТЕПЕНИ

Утрово 4 степени во Крушево, Маврови Анови, Лазарополе, 7 Претор, 8 Тетово, Битола, Прилеп, Крива Паланка, 10 Скопје–Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово, Штип Берово, Виница, 11 Струмица, Велес, Кавадарци, 12 Демир Капија, 13 Гевгелија.

Најмного дожд 66 л/м2 наврнаа во Претор, 37 Крушево, 30 Битола, 26 Прилеп, 25 Маврови Анови, 24 Тополчани, Пожаране, Виница, 23 Крива Паланка, 21 Пожар, 18 Лазарополе, 17 Попова Шапка, 15 Штип, 13 Берово, Тетово, 12 Кавадарци, Куманово, 11 Струмица, 10 Велес, 8 Ѓуриште, Демир Капија, 5 Скопје-Петровец, 4 Скопје–Зајчев Рид, 3 Гевгелија.

Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час).

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Битола до 16 степени.