ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ЛОКАЛЕН ДОЖД

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Битола утринската околу 8, а дневната до 16 степени.

Од недела до вторник ќе преовладува претежно стабилно време, а во среда повторно се очекуваат локални врнежи од дожд.