ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И НЕСТАБИЛНО

Утрово 3 степени во Берово, Струмица, Маврови Анови, 5 Крива Паланка, Пожаране, 6 Kрушево, 7 Прилеп, 8 Гевгелија, Скопје – Петровец, Дојран 9 Охрид, Претор, Скопје – Зајчев Рид, Куманово, 10 Битола, Виница, 11 Дебар, Демир Капија.

Во текот на ноќта од западните делови се зголеми облачноста, а утринава е претежно облачно насекаде. Дуваше слаб до умерен, а на места засилен ветер претежно од јужен правец. Во Штип утринава ветерот достигнуваше брзина до 65, а во Битола до 40 км/ч.

Времето денеска променливо облачно и нестабилно, од пладневните часови на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер кој претпладне ќе засилува вдолж Повардарието, а од пладне и во Западните делови каде што ќе биде западен.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени. Во Битола денеска до 15 степени.