Утрово -9 степени на Попова Шапка, -3 Маврови Анови, Крушево, Лазарополе, -1 Крива Паланка, 0 Берово, 1 Охрид, Прилеп, Претор, Виница, 2 Битола, Тетово, 3 Штип, 4 Струмица, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, 5 Дојран, 7 Гевгелија.
Најмногу дожд 31 л/м2 наврна во Охрид, 23 Маврови Анови, 19 Претор, Крушево 16 Битола, 15 Прилеп, 11 Виница, 10 Пожаране, Тополчани, 9 Струмица, 8 Штип, Демир Капија, Попова Шапка, Охрид, 7 Тетово, 5 Куманово, Крива Паланка, 4 Дојран, 3 Скопје – Зајчев Рид, Ѓуриште, Гевгелија, 2 Скопје – Петровец, 1 Берово.
Во текот на ноќта и утринава имавме променливо облачно со локален дожд, а на планините и на повисоките места со локален снег. Дуваше умерен до засилен, а на места силен северен ветер. Во Штип ветерот достигнуваше брзина над 70км/ч. Утринава снегулки пролетуваат во Крива Паланка.
Денеска променливо облачно и студено со сончеви периоди. Во раните претпладневни часови во југозападните делови ќе има слаби врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места во текот на денот ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, особено во источните делови и долж Повардарието (локално над 80 км/час).
Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени. Во Битола до 8 степени.












