ТЕРА

REKLAMA???

ПРОТЕСТИ И СУДИРИ ПРЕД АМЕРИКАНСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ

Вчера две различни групи демонстранти, пропалестински и произраелски, се судрија предизвикувајќи турканици и тепачка, во кампусот на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес (УКЛА).

По неколкучасовна пресметка меѓу овие две групи, полицијата интервенираше за да ги раздвои и да го расчисти насилството.

Пред само неколку часа, полицијата интервенираше во друг универзитетски кампус во САД, за да ги растера пропалестинските демонстранти кои беа изолирани во зградата на Универзитетот Колумбија.

Полицијата беше поактивна во кампусите низ САД во изминатите две недели, како резултат протестите преку кои се повикуваа универзитетите да престанат да соработуваат со Израел или со компаниите кои ја поддржуваат војната во Газа.

Во текот на протестите досега беа уапсени повеќе од 1.000 студенти.

Судирите во УКЛА се случија околу кампот на пропалестинските демонстранти, кои поставија барикади додека контрадемонстрантите се обидуваа да ги урнат.

Дел од демонстрантите фрлаа столови, а во еден момент група луѓе нападна лице кое лежело на земја, клоцајќи го и удирајќи го со стапови.

Се уште не е познат бројот на повредени за време на овие судири, пишува Радио Слободна Европа.