ТЕРА

REKLAMA???

РАДЕ СТОЈАНОВИЌ Е НОВ ТРЕНЕР НА ТИКВЕШ

Oткако си замина Никола Матлиески, Тиквеш доби нов тренер и клубот од Кавадарци во наредниот период ќе го води Радослав Стојановиќ.

Стојановиќ седнува на кормилото на Тиквеш како актуелен селектор на македонската младинска репрезентација.

,Своите ракометни почетоци ги имав во овој регион па сега е време со својата работа да возвратам на регионот од чија ракометна школа излегоа квалитетни ракометари. Се радувам што сум тука во улога на тренер и познавајќи го менталитетот на регионот, знам и верувам дека ќе се бориме на секој натепревар и за секој бод во плеј офот“, изјави Стојановиќ.