ТЕРА

REKLAMA???

РЕАКЦИЈА НА СДСМ ЗА СЕЧЕЊЕТО ДРВЈА КАЈ ВЕТЕРИНАРНАТА СТАНИЦА

По денешното отстранување на дрвја од кај Ветеринарната станица каде што општината ќе го прави кружниот тек, со реакција се огласија од битолската СДСМ.

„Градоначалникот Тони Коњановски и локалната власт на ДПМНЕ ги сечат дрвјата кај поранешната ветеринарна станица!!! Со полициска асистенција, се прави простор за изградба на кружен тек со димензии на спортско игралиште!!! ДПМНЕ и Коњановски го губат контактот со реалноста. Насила туркаат проекти со кои граѓаните не се согласуваат!!!“ стои во реакцијата на СДСМ.