Александар Тарабунов сними дует со Тамара Тодевска, а снимаше спот без неа за песната„Само ти ми фалиш“.Тој е еден од најконстантните автори и изведувачи на домашната поп естрада. Покрај пеењето се почесто е активен во создавањето нова музика, нови песни, нови видеоспотови.
Целата атмосфера не само музички, туку преку сценографијата и костимите и визуелно во видеото кое го режирал стариот соработник Зоран Стојановски – Зонде, потсетува на златната ера на диско музиката од крајот на 70-ите и 80-ите години, кога овој жанр царуваше на светските топ листи. Музиката и текстот се заедничко дело на Тарабунов и Билбилов, односно Тарабунов и Зонде, кога се стиховите во прашање.
Во видеото покрај Тарабунов се појавуваат и многу познати музички фаци од македонската поп естрада, како Роберт Билбилов на бас, Калина Велковска, Полина Тасева, Лаура Крлиу како придружни вокали.













