Минатиот месец, Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) ги именуваше новите културни и природни имоти впишани на нејзината листа на светско наследство. Сега има 1.223 места на светско наследство ширум светот. Додатоците од 2024 година вклучуваат антички римски пат во Италија и песочни дини во Бразил.
Комитетот за светско наследство на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации на својата 46та седница во Њу Делхи (Индија), прогласи за светско наследство или светско наследвво во опасност нови 24 локалитети.

Првиот од двата кинески е Централната оска комплекс што минува низ центарот на Пекинг за прв пат основан во 1271 година, кој се состои одцарски палати,градини, жртвени структури – згради што го материјализираат древниот текст за занаети„Каонгџи“. Други се монументалниот споменик на Таргу Џиу во Романија 3. културниот пејсаж на езерото Кенозеро во Русија со куќи од 12 век 4. Границите на Римската империја – Дачија, Романија кадешто има 277 објекти и е најдолгата копнена граница во Европа.
На листата се најде и Зградата на Унијата во Преторија Темба Хадебе во Јужна Африка, дел од наследсвото на Мендела, 7 погребниот сињстем на династијата Ахом во Индија, камените пејзажи на каменот Сима од Тајланд. Урнатините на манастирот Свети Иларион/Тел Ум Амер се исто така на листата од оваа година. Претставуваат едно од најраните монашки локалитети на Блискиот Исток, 13 Шверин Резиденс во Германија е имот од 19 век, 17; Историскиот град и археолошкиот локалитет Геди во Кенија од 10-до 17 век бил развиен трговски град на Свахилите. Сега е целосно напуштен.
Од Балканот Пештерата Вјетреница во Босна и Херцеговина „Лоцирана во планинскиот венец Динар е на листата заради ендемичноста на подземната водена фауна и добро зачуваната карстна топографија.
фото: UNESCO/Canva Images













