ТЕРА

REKLAMA???

СВЕТСКИ ДЕН ЗА ОДРЖЛИВ ТРАНСПОРТ

Денеска светот го одбележува  светскиот ден на одржлив транспорт. Во ерата на дискусии и глобална активност за зелена енергија, транспортот на стока и луѓе треба се повеќе да се ориентира кон обновливи извори.

„Препознавајќи ја важната улога на безбедните, достапни, достапни и одржливи транспортни системи за сите во поддршката на одржливиот економски раст, подобрувањето на социјалната благосостојба на луѓето и зајакнувањето на меѓународната соработка и трговијата меѓу земјите, Генералното собрание одлучи да го прогласи 26 ноември за Светски ден на одржливиот транспорт.“

Годинава актуелни се  интермодалното транспортно поврзување, промовирање на еколошки транспорт, развој на социјално инклузивна транспортна инфраструктура, аспекти на одржливоста на транспортот. Во фокусот е и квалитетна, сигурна одржлива и еластична инфраструктура, и оптимизација на автопати, патишта, улици, железници, водни патишта – како еден од условите за позитивното социјално влијание на транспортот, освен она познатото – како генератор на аерозагадување.

Генералниот секретар на ООН во обраќањето потсетува дека насоките на одрлжливите цели за транспортот е „зелен транспортен систем“, против климатскиот хаос.  Според истражуваа на Организацијата, „Транспортниот сектор е одговорен за приближно една четвртина од сите емисии на стакленички гасови. Деведесет и еден процент од енергијата што се користи во моторизираниот транспорт на копно, море и воздух се добива од фосилни горива. Оттука, овој сектор е  еден од најтешките за декарбонизација.“

Решението е електрични и соларни возила, со воздухоплови на обновливи извори.

Македонија е земја на возила, а и реално мала држава, но не е земја на електрични возила. Според Макстат – база на податоци, во 2022 година имало 569. 871 регистрирано возило во државата, 451 возило било чисто на електрична енергија. А според науката и математиката би требало да биде пример за сите на Балканот. Имено, да се пропатува државата од граница до граница нема многу километри: од Блаце до Богородица – 175 километри, од Скопје прекиу Кичево до Битола и до Меџитлија има 200 километри.

Ако се користат меѓународните пракси, поставување на брзи полначи е препорачливо на растојание од околу 60 км. Можеби затоа во Битола има само еден јавен, на еден енергетски оператор.

 

Фото илустрации: unsplash