Во организација на Заедницата на Срби во Македонија, синоќа беше одржана свечена светосавска академија по повод српскиот празник свети сава. настанот ја истакна добрата соработка, заемното почитување и пријателските односи што со години ги поврзуваат македонскиот и српскиот народ.

Покровител на свеченоста се Владата на Македонија и претседателот на Република Србија Александар Вучич. Традиционалната Свечена Светосавска академија е потврда на поддршката на мултикултурализмот и почитувањето на различностите во македонското општество од една страна и потврда на слободата и правата што српската заедница ги ужива во Македонија, што воедно е и патоказ и показ на одличните билатерални односи.

„Празничните денови се денови за културно поврзување на луѓето“ – рече македонскиот премиер Христијан Мицковски, додавајќи дека тоа се „Денови во кои задно го минуваме и чествуваме нашето минато, но во исто време така го зацврстуваме темелот за нашата заедничка иднина. Денешниот ден посветен на Светиот Сава ги истакнува просветата и духовното единство на српскиот народ, вклучително и на граѓаните кои живеат тука во Македонија . Но, во исто време еден од камен темелниците на балканското духовно и културно наследство заедно со светлите ликови на и датуми на останатите балкански народи. Тие се нашата заедничка ризница и ние како генерации сме должни да ја негуваме меѓусебната почит и разбирање и на тој начин да ги продлабочуваме заедничките врски како народи.“- рече меѓу другото македонскиот премиер.
На собирот се обрати и Милош Вучевич, специјалниот пратеник на претседателот на СрбијаАлександар Вучич.

Денеска е празникот кога го славиме најголемиот од нашиот род, започна тој, додавајќи : „живееме нљавистина пријателски и комшиски и братски односи. И натаму да се почитуваме едни со други, да се уважуваме едни со други и да се чуваме затоа што исти маки не мачат, исти предизвици не чекаат – да ги сочуваме нашите народи, да ги сочуваме нашите држави, да го сочуваме Балканскиот простор со нарите кои овде живееле со векови.“

Празнувањето на светецот кој е основоположник на српските образовни институции и борец ца автокефалноста на СПЦ својот врв го има во прогласуавње на најдобриот во промоцијата на српската култура во Македонија – доделувањето на Светосавската повелба. Оваа година е доделена на Печкиот архиепископ, митрополит белградско-карловачки и српск патријарх Г. Порфириј. Гордана Стојковска Јович, претседател на Српската заедница во македонија промовирајќи ја одлуката на Одборот за доделуавње рече: „Се доделува за исклучителна заслуга во зачувување на слогата во овие тешки времиња и исполнување на божјата волја сите ние православци заедно со нашите браќа од другите народи да бидеме заедно и едно пред Бог на крајот од историјата.“

Традиционално оваа манифестација завршува како фестивал на културата и уметноста. Оваа година за музиката се погрижија Вера Столик етномузиколог и солист на традиционална народна музика,македонскиот оперскиот пејач Игор Дурловски од македонската опера и балет , оперистката Желка Здјелар од Белградската и Новосадска опера , актерот Марко Трајковиќ од Куманово и бардот на српското глумиште Бранислав Лечич. Сите нив ги следеше воениот оркестар на Станислав Бенички, формиран во далеќната 1899 година.













