ТЕРА

REKLAMA???

СДСМ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО ЗА ИНВЕРТЕР КЛИМИТЕ

Вашето барање во моментов не може да се сервисира заради ограничени ресурси. Обидете се подоцна.Оваа порака што ја добија сите битолчани што аплицираа за субвенција за клима од општината, најдобро ја отсликува неспособноста на локалната власт предводена од ДПМНЕ и Коњановски, рече советникот од СДСМ Петар Николовски.

„Колку пари платија битолчани за неуспешната апликација? Кој ќе го плати изгубеното време по шалтерите на граѓаните? Каде се залагањата за електронска, ефикасна и ефективна општина? Ова е тоа што го нудите на граѓаните? Безидејност, неработа, нефункционалност.

Од ветениот дигитален бум видовме само БУМ на системот за аплицирање за субвенции за клими. Зошто ставивте во функција апликација која не беше тестирана? За да “наместите” одбрани луѓе да ја добијат субвенцијата? Или, пак, намерно го срушивте системот за да може ушт полесно да ги поделите субвенции на оние кои нема да се појават во редиците на шалтерите? Не ви е срам така да ги понижувате граѓаните?

Доколку имате вистински намери, тогаш веднаш направете измена во буџетот, скратете од парите за шетање и репрезентации, од разни трансфери и договорни услуги и обезбедете пари за сите кои веќе купиле или ќе купат клими до 20 април, а не само одредена група граѓани. Само така ќе им се оддолжите на битолчани за малтретирањето, ќе покажете транспарентност и ќе го исперете срамот“, рече Николовски.