Денеска, од 8:30 часот до 15:30 часот, без електрична енергија ќе бидат делови од улиците „Охридска“, „Цар Самоил“ и „Стив Наумов“. Од Електродистрибуција информираат дека прекинот е поради работи на делот околу Месната заедница „Кочо Десано“.
Од ЈКП „Водовод“ нема известување за прекин во водоснабдувањето. Во тек е реконструкција на водоводната мрежа на улицата „150-та“, како последна фаза од работите во комплексот улици „150-та“, „170-та“ и „210-та“.
Во однос на сообраќајот, и понатаму треба да се внимава на улицата „Дебарска“, каде што продолжуваат градежните активности и улицата е раскопана. Градежни активности има и на улицата „Христо Ботев“. На возачите и жителите во овие делови од градот им се препорачува внимателно движење и користење алтернативни правци каде што е можно.












