Секој Велики Петок, од 1990 година наваму, Срби и Македонци и граѓани кои припаѓаат на сите етнички заедници што се дел од Македонија се собираат кај спомен костурницата во близина на Удово,Валандовско. Тера Телевизија, во рамките на проектот „Чујте Срби, чувајте се“ оваа година го сними овој културен настан.
Свежо цвеќе во криптата на Спомен параклисот во Удово, покрај посмртните останки на 261 војник загинати во битката на Велики петок во 1915 година, почиваат посмртните останки на 2.000 српски војници загинати за време на Првата светска војна на подрачјето на јужниот дел од Македонија кај Гевгелија, Дојран, Струмица и Неготино, долж реката Вардар.
„ Денеска ја одбележуваме годишнина од Валандовскиот масакр. На 24 март по стариот календар или 4 април по новиот календар во 1915 година, буигарските фашисти за една ноќ убија или заклаа 271 српски регрут кои го бранеа Валандово.“ – ни рече Драган Недељковиќ, пратеник во македонското собрание и заменик претседател на демократската партија на Србите.
Вистината и правдата ќе доживеат победа, една генерација ќе ја доживее, а најважно е нашите идни генерации да се свесни за тоа Кои се, од каде се и чии се. – рече Гордана Јовиќ Стојковска, претседател на Српскиот национален Совет во Македонија.
„Ние знаеме зошто сме овде, ние знаеме дека овде не се само нашите предци тука се и предците на нашите земјаци, нашите браќа Македонци кои беа овде на оваа територија. Немаше жртви само во нашата војска, имаше ќртви и од населението. Имаше жртви на сите страни во оваа држава затоа што така е позиционирана и мораше да ја брани својата територија и своето семејство и пред се своето верување и вера.“
Знаеме зошто сме овде, , знаеме што чуваме и која ни е должноста на ова свето место кадешто нашите ги оставиле своите животи.
Српските војници загинаа на Велики петок во брутален напад на околу 3.000 бугарски и турски комити предводени од австриски офицери. Овој настан во историјата е познат како Валандовскиот масакр.
За историјата на битката говореше Зоран Стаменковиќ, кусос на костурницата.
„Скоро 5.000 од нив удрија на 450 српски војници од кои многумина беа штотуку регрутирани младичи, ранети и болни од тифус. Оваа костурница ги чува остатоците на српските војници кои својата младост свесно ја жртвуваа за слободата и независноста на сите нас.“

Организатор на ова одбележување валандовско-гевгелиската српска заедница. Српскиот крал Александар е и иницијатор и ктитор на изградбата на спомен костурницата, изградена во време од 1931 до 1934 година, започната веднаш по силниот валандовски земјотрес, кога со маагјитуда од 6.7 степенни со земја бил срамнети и Валандово, и Демир Капија и Пирава, Карагоргево, валандово, Балинци, Удово, Грнчиште, Градец , Демир Капија, Миронче, Давидово. – вели Милорад Шкиљевич-Бели, претседател на валандовското здружение.
„Војниците всушност беа на Удово над железниќката станица и на теренот кадешто беа веќе обележани и погребани. Тоа се така беше до 1931 година, по големиот земјотрес кралот Александар дојде од Скопјее, се симна на станицата Струмица во Удово го обиколи целиот терен и потоа наредил да се обноват сите куќи и , да се направи спомен костурница затоа што тие јунаци заслужуваат да бидат погребани. И тие јунаци се погребани всушност на кота 100, тука беше одбраната на мостот од нападите. “
„Нашата цел е сепак да се обидиме и се трудиме секоја година да ги одбележуваме важните датуми кои се важни за српската заедница во Македонија, а тука се одбележувањето во Удово, Зебрњак, Кајмакчалан , не смееме да го заборавиме нашиот националниот празник Св. Сава. Се обидуваме да го одржиме нивото на културата на сеќавање, а работиме и со децата, мислам дека нив треба да им покаќеме дека иако живееме во една друга држава, не е нашата матична , но дека има многу споменици овде во Македонија кои не смееме да ги заборавим, како ни нашите предци кои загинале тука.“ – вели Василка Китановиќ, претседател на Српски културен центар , еден од организаторите на спомен обележување на Валандовскиот колеж на Удово
И овој пат на одбележувањето присуствуваа припадници на здруженијата за македонско-српско пријателство, претставници на политичките партии на Србите во Македонија, пратеници, политичари, градоначалникот и делегации од советници во Советот на Општините во регионот.
Дознајте повеќе за одбележувањето на овој датум од историјата во емисијата „Чујте Срби, чувајте се“, проект на српската заедница во Македонија и ТЕРА.












