Малиот број на јавни обвинители, недоволните буџетски средства, недоаѓањето на странките и доставата се дел од годишниот извештај за работата на јавните обвинителства на Република Македонија за 2023 година што го презентираше државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во Собранието на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Сегашната генерација за јавни обвинители брои 97 учесници, со кои што согласно сегашните законски прописи тие јавни обвинители, односно сите кандидати ќе добијат уверенија и за судии и за јавни обвинители и нивно право и избор ќе биде за што ќе се пријават. Ние предвидуваме барем околу половина од тие јавни обвинители, односно од тие кандидати да бидат јавни обвинители околу над 40, меѓутоа тоа е нивно право дали истите ќе се пријават или не. Со тоа што морам да напоменам во разговор со одредени колеги јавните обвнители многу немаат интерес да бидат јавни обвинители, односно немаат интерес самите кандидати да бидат јавни обвинители, повеќе ги влече функцијата да бидат судии“ рече Коцевски.












