ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ПОДГОТВУВА СРЕДБА МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН ВО БУДИМПЕШТА

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и оти подготовките за средба во Будимпешта помеѓу рускиот претседател и неговиот американски колега Доналд Трамп „продолжуваат со полна брзина“, пишува агенцијата МИА.

Орбан не наведе повеќе детали за телефонскиот разговор со Путин.

Кремљ соопшти дека Путин го информирал Орбан за неговиот разговор со американскиот претседател.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска за време на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон изјави дека претстојната средба со рускиот лидер Владимир Путин во Будимпешта, Унгарија, ќе биде само за две земји, но истакна дека САД ќе бидат во контакт со Зеленски.