ТЕРА

REKLAMA???

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ДЕНЕСКА ЈА ПОГОДИ РОМАНИЈА

Денеска Романија е погодена од уште еден силен земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар земјотресот се случил во 15:16 часот по локално време. Претходно беше наведено дека земјотресот бил со јачина од 5,7 степени.

Епицентарот на земјотресот бил на 5 километри источно од Тисмана и на длабочина од 40 километри. По овој силен потрес регистрирани се три послаби земјотреси со магнитуда од 3,9 степени, потоа со 3,4 и 3,5 степени според Рихтеровата скала.

Вчера имаше исто трака силен земјотрес во Романија со јачина од 5 степени, а според медиумите бил почувствуван и во делови од Србија.