Трагична несреќа се случи во фабриката „Тојота материјал хандлинг“ во Болоња, при што загинаа двајца работници, Лоренцо Кубело (37) и Фабио Тоси (34), и неколку други беа повредени, од кои двајца се во критична состојба.
Експлозијата, која се случила во магацинот околу 17 часот, предизвикала потреси кои жителите ги опишале како земјотрес. Причината најверојатно е дефект на компресорот.
Ноеми, вработена во одделот за инспекција, во моментот на експлозијата била во фабриката.
По инцидентот, на местото веднаш пристигнале службите за итна помош, а градоначалникот Матео Лепоре ја посети фабриката и изрази сочувство кон семејствата на жртвите.












