ТЕРА

REKLAMA???

СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА: ДА ГИ ПАМЕТИМЕ СИТЕ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

Одбележувањето на 80годишнината од постоењето на Библиотеката „Св. Климент Охридски во Битола ја поттикна претседателката Гордана Силјановска Давкова да сподели со нас своја размисла за трагедијата со која Македонија живее последните две недели,  а во контекст на творештвото и паметењето на трагедијата, размисла која може и можеби треба да прерасне во иницијатива.

„Болката што ја носиме сите со која се соочуваме сите мислам дека ќе влијае на многу талентирани млади, на многу возрасни  да пишуваат за трагедијата што ни се случи. Да пишуваат поезија , да пишуваат раскази, да пишуваат романи. Така тие ќе останат секогаш со нас и во нас и кога и да одиме во читална или во библиотека ќе бараме нешто за нив. И денеска ние нешто слушавме од нашата историја. Мислам дека и тоа ќе се опее, ќе се опише.

Е сега ќе не боли, ама на некој начин ќе оживуваат со книгите.

Сигурна сум во тоа, тоа е нешто што ме прогонува годинава.

А јас се разбира, бидејќи меѓу нив многу херои има,  деца млади  врсници нивни, лекари, пожарникари ,  ние ќе направиме и јунаци од нив вистински. Бидејќи, денеска се главни анти-јунаците во светот . Нам ни требаат јунаци. Нам ни треба идентификација на младите. “