ТЕРА

REKLAMA???

СИНДИКАЛНАТА МИНИМАЛНА КОШНИЦА ЗА АВГУСТ ИЗНЕСУВА 65.507 ДЕНАРИ

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2025 год. која изнесува 65.328,00 денари е зголемена за 179,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец август изнесува 80.882,00 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија.

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за храната и пијалоци, за оние 63 производи кои ги следи Синдикалната минимална кошница за август 2025 изнесува 24.064,00 денари споредена со јули 2025 година (23.682,00 денари) е зголемена за  382,00 денари, кај облеката и обувките е намалена за 114,00 денари, кај лична хигиена има намалување од 73,00денари и кај транспортот е намалена за 16,00 денари.

Од  податоците на синдикалната минимална кошница  евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за 2.816,00 денари односно за 4,49 %, додека кај вредноста на храната и пијалоците  има зголемување за 2.584,00 денари односно за 12,09% , стои во информацијата од ССМ.