ТЕРА

REKLAMA???

СИНДИКАТОТ НА РЕК БИТОЛА СО ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО ЧИЈА КУЌА ИЗГОРЕ ВО БИТОЛА

Од РЕК Битола информираат дека Синдикатот на РЕК Битола ќе му помогне на нивниот член и колега, Сребрин Поповски во обновување на неговата куќа која изгоре во пожар на 1 јули.

-Управниот одбор на Синдикатот одлучи да му додели на Сребрин 50.000 денари неповратна финансиска помош, а ќе му обебзеди и неколку апарати за домаќинство. Солидарноста со нашите членови е прва и основна задача на Синдикатот. Ќе помогнеме секому и секаде, согласно можностите и околностите. Со надеж дека во иднина ќе нема случаи во кои ќе треба да помогнеме за намалување на болката или последиците од немили настани, на Сребрин и семејството му посакуваме што побрзо обновување на куќата, се вели во информацијата од РЕК Битола.