Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 14.01.2024 година во 00 часот и 17 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 173 км југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда 4.5 степени.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресоте почувствуван во Охрид, Струга, Гостивар и Скопје со интензитет од III-IV степениспоред Европската макросеизмичка скала.












